Намирници што ќе ви помогнат многу брзо да ги изгубите „зимските“ килограми

од Stefanija Kuzmanovska

Оние кои обично добиваат вишок килограми во текот на зимата, можат да побараат решение во консумирање на одредени намирници.

Меѓу намирниците што помагаат во слабеењето во текот на зимата, дефинитивно е морковот. Овој зеленчук е малку калоричен и богат со растителни влакна.

Јаткастите плодови и семињата се добра комбинација и се одлична закуска. Тие може да се сервираат наместо закуски и ќе послужат во процесот на здраво слабеење.

Медот активира хормони кои го потиснуваат апетитот и помагаат да се изгубат вишокот килограми.

Јајцата содржат малку калории и ве одржуваат сити подолго време. Тие се исто така богати со витамини и минерали.

Една порција јагоди содржи 49 калории, а ова овошје е богато со витамин Ц, растителни влакна, калциум и магнезиум.

Во 100 грама цвекло има околу 43 калории, 10 грама јаглехидрати и 0,2 грама маснотии. Цвеклото е познато по тоа што е корисно во процесот на слабеење.

Циметот го забрзува метаболизмот и слабеењето.

Слични содржини