Наоми Кембел е вљубена

од Vladimir Zorba
355 прегледи

Наоми Кемпбел потврди на најотворен начин за својата нова романса. Топ-моделот се појави на насловната страница на списанието GQ во прегратките на раперот Скепта. Од пред извесно време се зборуваше дека 47-годишната манекенка се среќава со 35-годишниот изведувач. И ете – излезе дека гласините се вистинити.

Наоми и Скепта позираат голи до половината за насловната, која е дело на познатиот фотограф Ен Ли.

Според извори, топмоделот и раперот се запознале преку заеднички пријатели и веднаш им тргнало.

„Наоми и Скепта повеќепати се сретнале тајно. Нивната меѓусебна привлечност се објаснува со тоа дека двајцата се креативни луѓе. Работите меѓу нив се развиваат добро, но и двајцата не брзаа да ја објават врската“, рече пред некое време извор близок до двајцата за „Sun“.

Наоми Кемпбел повеќе пати споделила, дека веќе е подготвена за посериозно врзување и сака да има семејство.

Слични содржини