Британскиот супермодел Наоми Кембел смета дека колешкатао Миранда Кер има поубави гради отколку Криси Тејгон. А Кејт Мос и Хајди Клум имаат грди задници. 46-годишната манекенка ја даде скандалозната изјава за надворешноста на своите колешки за време на телевизиско шоу. Водителот покажа на Кембел фотографии на познати убавици, а таа требаше да избере, која има убави гради, очи, нозе и др.Според “црната Пантерка”, телото на Адријана Лима е полошо од тоа на Џоан Смол. А Кендал Џенр има поубави нозе од најскапиот модел на светот Жизел Бундхен.

Но најмногу Наоми се отежна кога требаше да избира меѓу задниците на Мос и Клум. За неа и двете не можат да се гордеат со овој дел од телото, бидејќи на првата задник се тресе, а на втората е рамен. Сурова казна!
Кембел откри и тајната на добриот физикус: “се трудам се да се хранам правилно, пијам многу вода и тренирам пилатес. Се грижам за лицето и го навлажнувам однатре и однадвор “.
Манекенката ги коментираше и гласините за “љубовен триаголник” меѓу неа, Бредли Купер и Ирина шејк. Таа изрази уверување дека е само пријателка со нив.