Светски познатата манекенка Наоми Кембел месецов одбележува 33 години во модната индустрија. После безброј модни ревии, повеќе од 800 насловни страници, мноштво емисии и видеоспотови, убавицата уште нема намера да застане – неодамна потпиша договор и стана заштитно лице на Chanel J12.

„Ми рекоа дека ќе издржам само 11 години, а еве денес прославувам 33 години во модната индустрија. Се чувствувам благословена и исклучително благодарна на бога. Ѝ благодарам на мајка ми Валери Морис кога веруваше во соништата на нејзината ќерка и ми овозможи да бидам она што сум. Твоите љубов и поддршка беа со мене во добрите и во тешките времиња. Те сакам, мамо“, напиша 48-годишната Кембел во објавата на Instagram.