Наоми Кембел за Вог: Целиот свет во еден модел

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Новото издание за март на британското издание Vogue доаѓа со корица која нема лесно да се заборави.

Тоа не кој било, туку Наоми Кембел, еден од најуспешните модели во светот. Бројот ѕирка во светот на убавината, откривајќи ја нејзината суштина надвор од сјајните корици и озборувања.

Од Vogue ја откриваат нејзината лојалност и великодушност, пријател кој е исклучително чувствителен, но носи во себе борбен дух на вистинска жена воин која не би предала никој до себе.

Главниот и одговорен уредник на публикацијата ја нарекува “последната ѕвезда на тивкиот филм”, ставајќи ја заедно со Грета Гарбо и Марлен Дитрих.

Фото сесијата е продуцирана од Стивен Меус, долгогодишен пријател на Наоми Кемпбел, за кого добро знаеме дека не требаат зборови.

Од Vogue тие ја дефинираат сторијата како таква за вистинска жена и брилијантна, вечна икона.

Можете да погледнете фотографии од фото сесијата во нашата галерија.