Таа има 49 години и не се срами од нејзиното тело. Таа е Наоми Кембел и таа сака да стои пред леќата, како што нејзината мајка ја родила.
“Ми требаше долго време да се чувствувам добро во моето тело. Ова е нешто што доаѓа со возраста и се случи во последните неколку години. ” Ова го открива дивата со поставувањето на нејзината слика на Instagram.
Ѕвездата која изгрева на модна писта едвај 15-годишна, се согласила да позира гола за британското издание на “Vogue”.
Сликата покажува дека фотографирањето било направено во пустината на Кенија. Наоми е застаната свртена со задниот дел – топлес, со тенко златно ланче што виси на појасот.
Пред списанието, Кемпбел вели дека како тинејџерка таа немала самодоверба и воопшто не си се допаднала. Често слушала потсмев дека била премногу слаба. “Се чувствував добро кога одев на часови по балет. Тогаш бев ссвоја во моето тело и заборавав сè друго “, вели таа.
На почетокот на нејзината кариера, Наоми била многу вкочанета и не знаела што да прави за време на снимањата.
https://www.instagram.com/p/Byp-izsnUuc/
“