353
Вчера во општина Карпош се случил вооружен инцидент, во кој вработен во општината нападнал со нож сопруг на вработена, поради љубовни расправии.
Според МВР, вчера во 11:30 часот било пријавено дека по претходна расправија С.А.(34) со остар предмет му нанел повреда на В.К.(37) двајцата од Скопје. Повредениот веднаш бил пренесен во ГОБ „8 Септември“, каде му била укажана лекарска помош.
Полицијата понатаму го испитува случајот, а градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев доделил отказни решенија на две лица, напаѓачот и жената, ангажирани со договор на дело.