222
Германската полиција соопшти дека две девојчиња се тешко повредени во напад во училиште на југот на Берлин.
Во соопштението наведуваат дека жртвите се девојчиња на возраст од 7 и 8 години, од кои едното е во животна опасност. Полицијата потврди дека 39-годишниот осомничен веднаш бил уапсен во близина на училишниот двор, пишува АП.
Портпаролката на полицијата изјави дека се уште не се јасни околностите за нападот. Не е познато ниту дали напаѓачот им бил познат на учениците.
Регионалната министерка за внатрешни работи Ајрис Спренгер вели дека е „длабоко шокирана“ од настаните во училиштето, потврдувајќи дека девојчињата биле нападнати со нож.