Напад во близина на Сеул: Со автомобил коселе луѓе на тротоар, па ги нападнал со нож

од Stefanija Kuzmanovska
267 прегледи

Девет лица се избодени со нож, а четири се повредени од автомобил управуван од осомничен напаѓач денеска во јужнокорејскиот град Сеонгнам, во близина на главниот град Сеул.

Фатено е едно лице. Нападот се случил во близина на станицата Сеохјеон, област на околу 20 километри од Сеул, каде се наоѓа голема стоковна куќа и други продавници, се вели во соопштението на полицијата.

Според извештаите, 12 жртви се хоспитализирани. Мотивот за нападот се уште не е познат.

Инцидентот се случи само неколку дена по уште еден напад со нож во Сеул, во кој едно лице беше убиено, а три други беа ранети.

Слични содржини