Група од пет до седум мажи со нож повредиле четворица минувачи во градот Ханау, Германија, во вторникот вечерта, пренесува „Билд“.

Двајца осомничени се уапсени, а полицијата трага по останатите напаѓачи. Ниту еден од повредените на возраст меѓу 17 и 23 години не е во животна опасност, пренесува „Билд“.
Минувачите биле случајно повредени, според истражителите.
Истрагата е во тек и мотивот за нападот сè уште не е познат.
https://www.youtube.com/watch?v=jmMJCveVjyA&feature=emb_title