179
Во тек се напади на руските сили врз делови од регионот на Киев, објави шефот на регионалната воена администрација, Олексеј Кулеба.
Тој изјавил дека најверојатно се работи за напад со дронови камикази и дека спасувачките служби се на терен, пренесува „Интерфакс Украина“.
„Уште еден напад со дронови камикази врз објекти од витална инфраструктура. Надлежните служби веќе работат на отстранување и документирање на последиците од гранатирањето“, изјави заменик-началникот на кабинетот на претседателот на Украина, Кирил Тимошенко.