169
Жител на Пирок нападнал фудбалски судија оти бил незадоволен од неговите одлуки на теренот, информираат од тетовската полиција.
На 26.03.2023 околу 15.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово го привеле А.Т.(31) од тетовски Пирок, кој претходно, на фудбалски натпревар на кој настапил за екипата на Пирок, физички го нападнал главниот судија на натпреварот, незадоволен од негова одлука.
МВР го расчистува и документира случајот и на А.Т. ќе му биде изготвен поднесок.