299
Лекар од тимот на Итната медицинска помош на Радовиш бил нападнат на своето работно место, јавуваат од полицијата.
-На 10.02.2024 во 20.10 часот во Полициската станица Радовиш Х.Е.(36) од село Прналија, радовишко, лекар во Итна медицинска помош во Радовиш, пријавил дека околу 19.00 часот во просториите на Здравствен дом Радовиш, додека бил на работното место, бил физички нападнат од Т.Д.(53) од Радовиш, велат од МВР.
На 11.02.2024 во просториите на Полициската станица Радовиш бил извршен службен разговор со Т.Д., за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.