Нападнат центар за вакцинација во Германија

од Vladimir Zorba

Центар за вакцинација беше нападнат во германската област Фогт, во провинцијата Саксонија.

Три, засега, непознати лица фрлиле шишиња пиво исполнети со запалива течност врз зградата во местото Тројен, каде што се наоѓа пункт за вакцинација, објави полицијата.

Според очевидци, напаѓачите побегнале со црвен автомобил.

Во последно време има се повеќе и повеќе жестоки дебати помеѓу антиваксерите и оние што поддржуваат вакцинација против коронавирус.

Слични содржини