Нападната и тепана пред својот стан во Приштина. Познатата косовска новинарка која беше главен и одговорен уредник на дневниот весник Зери е префрлена во болница. Подоцна е отпушена на домашно лекување.
Џара од минатата недела и се приклучи на Демократската партија на Косово. Ваквата одлука на новинарката наиде на осуда од страна на некои политичари и приврзаници на опозицијата.
Таа изјави дека приклучувањето на партијата е за да им служи на граѓаните и да остане критички глас во партијата.
Како новинар, Џара беше позната по текстовите во кои се обвинуваат политичарите за корупција и непотизам.
Во 2015 таа од американскиот Стејт департментот ја доби меѓународната награда Жена на храброста за истражување на корупција и пишување за религиозен екстремизам. Засега нема информации дека некој е приведен за нападот на Џара.