421
Министерството за внатрешни работи соопшти дека млад битолчанец е уапсен поради напад врз девојка на која ѝ ги одзел чантата и телефонот.
„Вчера полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода К.И.(25) од Битола, затоа што во угостителски објект на Градското шеталиште во Битола физички ја нападнал С.Г.(20) од Битола и ѝ одзел телефон и чанта“, велат од полицијата.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.