Нападната екипа на Итната помош

од Stefanija Kuzmanovska
453 прегледи

На 19.05.2023 во 16.35 часот во СВР Скопје, од Итната медицинска помош било пријавено дека при интервенција во село Инџиково, Т.К.(42) се обидел со остар предмет да ја нападне екипата за домашна посета.

Во нападот бил спречен од возачот на Итната медицинска помош.

По документирање на случајот Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе соодветна пријава.

Слични содржини