Министерството за внатрешни работи информира дека дошло до физички напад на млада скопјанка.
Според полицискиот билтен, во текот на вчерашниот ден во 11:30 часот, во Полициска станица Ѓорче Петров, С.Ѓ.(22) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, поради претходно недоразбирање во сообраќајот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.