Нападната телевизија во Тирана, убиен работник

од Stefanija Kuzmanovska
148 прегледи

Вработен во албанскиот канал „Топ чанел“ бил убиен синоќа, откако непознати напаѓачи се обиделе да упаднат во зградата на оваа телевизија во Тирана.

Недолго по нападот, кој се случил час по полноќ, на блискиот автопат било пронајдено опожарено возило „ренџ ровер“, за кое постои сомневање дека сторителите го користеле за напад на канцелариите на телевизијата, објави „Албенијен пост“.

Се претпоставува дека во запаленото возило се наоѓал и „калашниковот“ користен во нападот.

Убиен е 60-годишен работник, кој починал на пат кон болница откако бил погоден во телото.

Засега не е познат мотивот за нападот кој се случил на главниот влез на „Топ чанел“.

Во Тирана цела ноќ се водела потера по напаѓачите, а полицијата поставила контролни пунктови низ градот, јавува „Танјуг“.

Слични содржини