„Нападнавме израелски шпионски центар“: Иран изврши напади во близина на аеродром во Ирак

од Stefanija Kuzmanovska
197 прегледи

Иранската револуционерна гарда објави дека нападнала, како што соопшти, „израелски шпионски центри и места каде се собираат антиирански терористички групи“ во Ербил, Ирак, објавија иранските државни медиуми.

„Нападот беше извршен на полноќ како одговор на неодамнешните терористички злосторства од страна на непријателот на исламски Иран, а шпионскиот штаб и собирните места на антииранските терористички групи беа цел на балистички ракети и беа уништени“, објави иранскиот корпус на револуционерната гарда, пренесе државната новинска агенција ИРНА.

Аеродромот во Ербил го прекина сообраќајот откако се слушнаа експлозии над градот, изјавиле три ирачки безбедносни извори за „Ројтерс“.

Слични содржини