Нападот е неизбежен? Американците веќе ги одредиле локациите во Сирија кои ќе бидат ракетирани

од desk2

Американската војска наводно веќе ги одредила локациите во Сирија кои што ќе бидат нападнати доколку сириската армија употреби хемиско оружје.

Како што дознава „СиЕнЕн“, повикувајќи се на анонимни високи функционери од американското Министерство за одбрана, американската армија и разузнавачките служби веќе направиле листа со локации, односно мети кои што ќе бидат ракетирани во Сирија, доколку се случи напад со хемиско оружје.

Неименуван висок функционер во разговор за „СиЕнЕн“ открил дека армијата е подготвена да делува „многу брзо“ доколку претседателот Доналд Трамп нареди напад на Сирија.

Да потсетиме, Русија веќе подолго време тврди дека милитантите во Сирија се подготвуваат за изведување на лажен хемиски напад кој што би послужил како повод за воена интервенција на западните сили. Сепак, од САД тврдат дека ваквите информации на Русите се лага.

„Русија неодамна започна дезинформациска кампања која што има за цел да ги дискредитира Соединетите Американски Држави и американските меѓународни партнери и сојузници. Конкретно, Русија сугерираше дека хуманитарните организации во Сирија планираат хемиски напад со цел тоа да биде повод за американските напади на режимот на Асад“, изјави портпаролот на Пентагон, Шон Робертсон.

Слични содржини