Нападот со нож во Австрија е извршен од Сириец, поврзан со Исламската држава

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Напад со нож во градот Вилах во јужна Австрија, во кој загина тинејџер, а пет лица се повредени, го извршил Сириец, исламист, поврзан со Исламската држава (ИД), изјави денеска австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер.

Карнер на прес-конференција рече дека Сириецот е радикализиран на интернет, пренесе Ројтерс.

Полицијата го идентификуваше сторителот на нападот како 23-годишен Сириец кој побарал азил во Австрија.

„Билд“ објави дека во нападот во саботата бил убиен 14-годишен тинејџер, а напаѓачот кој со нож ги нападнал минувачите е уапсен.

„Билд“ пишува дека Сириецот имал дозвола за престој во Австрија.

„Тоа беше како хорор филм. Се се случило брзо, се зборува дека едно лице излегло од автомобил, а потоа неколку лица побегнале. Нашиот вработен го заклучи ресторанот и ги задржа гостите внатре“, изјави за германските медиуми очевидец, сопственик на ресторан.

Слични содржини