Напаѓачот на Барса откри: Одбив три понуди од Реал Мадрид

од Vladimir Zorba
297 прегледи

Феран Торес, кој пред неколку месеци беше привлечен од Барселона, откри дека три пати ги одбил понудите од Реал Мадрид. 22-годишниот напаѓач е дете на Валенсија.

„Кога бев млад имав понуди од Реал. Ова се случи три пати. Сепак, тогаш решивме дека поради различни причини ова не е вистинскиот момент (да се оди таму – н.з.)“, прокоментира Феран за „Кадена КОПЕ“.

Шпанскиот репрезентативец прецизираше дека еден од овие случаи бил за време на Светското првенство во Русија во 2018 година.

„Само што стигнав до првиот тим на Валенсија и решив дека ќе играм повеќе доколку останам. Добро испадна што тогаш не заминав“, додаде тој.

Напаѓачот беше меѓу стрелците за Каталонците во победата од 4-0 над „Лос Меренгес“ на „Бернабеу“ оваа пролет.

Торес на крајот ја прифати понудата на Манчестер Сити во летото 2020 година, но минатата зима сакаше да се врати во Ла Лига и Барса им плати на „граѓаните“ 55 милиони евра за неговите услуги.

Слични содржини