Бомба во Шпанија: Барса го донесе адутот на Гвардиола

од Nikola Popovski

Шпанскиот фудбалер Феран Торес стана нов член на Барселона.

Торес ја започна сезоната како играч на Манчестер Сити, но веќе е познато дека Чави Ернандез сака да го види во каталонскиот дрес.

И покрај финансиските проблеми на Барселона, трансферот чинеше 55 милиони, а дополнителни десет милиони можат да стигнат на сметката на „граѓаните“ преку бонуси. Договорот ќе биде потпишан на пет години.

Феран моментално е надвор од теренот поради повреда, која ја „влече“ подолго време, но се очекува да биде подготвен за вториот дел од сезоната.

Тој сезонава успеа да забележи само четири настапи и два гола во Премиер лигата, но беше еден од клучните играчи на шпанската репрезентација на Европското првенство и Лигата на нации.

 

Слични содржини