Мајката на Анис Амри ја држи негова слика во својот дом во Тунис.

Се претпоставува дека е сторител на терористичкиот акт од берлинскиот Божиќен пабаѓур – Тунижанец Анис Амри, пред неколку месеци се нудел на различни исламистички групи да учествува во напади како бомбаш-самоубиец. Тоа го пријавило германското издание “Шпигел”, повикувајќи се на информации од специјалните служби.
Сепак според медиумите оваа информација не била доволна за да биде тој уапсен. Властите исто така ја утврдиле неговата врска со една од германските терористички ќелии на “Исламска држава”, која полицијата ја разби за време на една рацијата порано. Се наведува и дека Амри требало да биде депортиран од Германија пред некое време, но тоа не се случило поради несогласување меѓу германските и туниските власти.
Според миграционите органи на африканската држава Амри не е државјанин на нивната држава и одбиле да му дадат нов пасош.
Новите документи на мажот пристигнале во земјата на 21 декември – два дена откако го извршил нападот. За атентаторот исто така се знае дека бил регистриран во засолниште за бегалци во Северна Рајна-Вестфалија, но во последно време тој престојувал во главниот град Берлин.
За германското издание “Билд” неговиот брат, кој во моментов е во Тунис, изјавил дека Амри немал постојано живеалиште. / ТАСС /