Напаѓачот од Казан имал заболување на мозокот

од Stefanija Kuzmanovska

На напаѓачот кој пукаше кон учениците и наставниците во училиштето во Казан, му било дијагностицирано мозочно заболување во 2020 година, изјави портпаролот на Истражниот комитет на Русија, Светлана Петренко.

„Според истрагата, Илназ Галавијев не бил регистриран кај лекар – психијатар. Сепак, како што се испостави, тој повеќепати побарал медицинска помош во врска со силни главоболки. Минатата година му беше дијагностицирано заболување на мозокот во една од медицинските институции. Од почетокот на оваа година, неговото семејство исто така забележало агресија и раздразливост во неговото однесување“, објасни Петренко.

Во пукањето што се случи во вторникот во училиште во Казан, загинаа десет ученици и двајца наставници, а 23 лица беа повредени. Претседателот на Татарстан, Рустам Миниханом, изјави дека напаѓачот бил 19-годишен млад човек кој имал дозвола за оружје.

Во Татарстан денеска беше прогласен ден на жалост.

Слични содржини