Во напад што се случил утрово во објект на фирмата Уберландверк Рен во германскиот град Мелрихштад една жена го загубила животот откако била избодена од напаѓач со нож, а други три лица задобиле потешки повреди. Во просториите на фирмата што е регионален дистрибутер на струја, и вработува околу 220 лица, рано утрово напаѓачот со нож се нафрлил на неколку вработени. Причините за нападот засега се непознати.
Загинатата жена била на 59-годишна возраст, а тројцата повредени се на возраст помеѓу 55 и 62 години.
Кај повредените преовладуваат потешки повреди, а лицето што го загубило животот задобило убоди во горниот дел на телото, вклучително и во вратот, јави германски „Билд“.
Германската полиција потврди дека е уапсен 21-годишен германски државјанин и но уште се истражува неговата поврзаност со нападот.