Напаѓачот од Брисел и натаму е во бегство: Нелегално престојувал во земјата

од Stefanija Kuzmanovska
348 прегледи

Двајца шведски државјани беа убиени во напад доцна синоќа во Брисел. Осомничениот напаѓач, државјанин на Тунис кој илегално бил во земјата, се уште е во бегство.

Нивото на закана во главниот град на Белгија е подигнато на највисоко ниво и постои „сериозна закана“ во остатокот од земјата.

Уште едно лице е рането во престрелката во центарот на Брисел. Жртвите носеле дресови на шведската фудбалска репрезентација.

Федералниот обвинител потврди дека напаѓачот отворил оган врз луѓето откако излегле од такси. Ги бркал во зграда. Две лица загинаа. Еден од нив има шведско државјанство, другиот е со шведско потекло, но имал и швајцарски пасош и можеби има двојно државјанство. Трето лице, исто така од шведска националност, е тешко повредено и се наоѓа во болница.

Таксистот не е повреден.

Осомничениот напаѓач е Абдесалем Ласуд (45).

Живеел во населбата Шарбек, нелегално престојувал во земјава и на полицијата ѝ бил познат по сомнителни дејствија, нелегален престој и трговија со луѓе.

Пребаран е и станот во кој живеел осомничениот, но таму не е пронајден никој.

Нивото на закана е зголемено на 4 во Брисел, нивото 3 се применува во остатокот од земјата. Нивото 4 значи дека заканата е „многу сериозна“.

Слични содржини