Напишани 44 казни за брзо возење во Скопје

од Берта Китинска
200 прегледи

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 258 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44 санкции, соопштија денеска од МВР.

Од изречените санкции 27 се за возење без возачка дозвола, а 12 за технички неисправни и нерегистрирани возила.

– Изречени се 23 санкции за користење мобилен телефон, 25 за некористење сигурносен појас, 19 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, четири за недавање првенство на минување на пешаци, 45 санкции за непрописно паркирање, се наведува во соопштението од МВР.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.