Русија се подготвува да спроведе големи воени вежби во Керч теснецот , всушност каде што ескалираат тензиите меѓу Москва и Киев , објавија руските медиуми.

   

Воените маневри  ќе се фокусираат на подобрување на подготвеноста и ефикасноста на руската армија во случај на понатамошна ескалација на тензиите меѓу двете земји.

Претходно  судот во Симферопол уапси 12 од 24-те украински морнари обвинети  поради кршење на државните граници на Русија.

   Во понеделникот, Русија уапси 24 украински морнари и нападна три брода, кои требало да пристигнат во пристаништето Мариупол преку теснецот. Украина ова го третира како агресија, бидејќи е прекршен договорот за слободно движење ан украински и руски бродови во теснецот. Украина поради тоа ја дигна војската и прогласи 30 дневна воена состојба за тие региони.

НАТО, ЕУ и Германија ги осудија акциите на Москва.

Рускиот лидер  Владимир Путин изрази загриженост во врска со одлуката на Киев за воведување на воена сосотојба  како одговор на инцидентот.