Напнатоста во Германија расте поради протестите за подкрепа на Ердоган

од Vladimir Zorba
133 прегледи

 

Тензии  имаше и за време на претходниот митинг на приврзаници на турската власт во Келн.

4972060

Десетици илјади приврзаници на турскиот претседател Реџеп Ердоган планираат да излезат на марш во германскиот град Келн денес во услови на зголемените тензии по пропаднатиот обид за државен удар од 15 јули. Тој доведе до голем број на судири меѓу поддржувачите и противниците на турската власт во Германија, каде се наоѓа и најголемата турска дијаспора во светот. Денеска  се очекува околу 30 000 луѓе да одговорат на повикот за митингот на организацијата Сојуз на европско-турските демократи, соопштуваат од полицијата. Местото на нејзиното спроведување, исто така не е случајно. Во Северна Рајна – Вестфалија, каде се наоѓа Келн, каде што живее близу една третина од тримилионската  турска заедница во Германија.

4972061 Во исто време за денес се подготвуваат и неколку помали контрадемонстрации, вклучувајќи и на екстремно десничарските активисти, со што се зголемуваат стравувањата за можни судири. Во оваа врска силите за безбедност во Келн упатија предупредување дека ќе реагираат навремено кај сите обиди за насилство. Началникот на полицијата во градот изјави дека “едно нешто сакам да е јасно и тоа е дека ние ќе интервенираме при секаков вид на насилство брзо, решително и цврсто”. За денешните демонстрации ќе има чувари од 2700 полицајци, како властите се предвидени на место да има и турски преведувачи.

Штајнмаер: Нема да дозволиме домашниот политички конфликт во Турција кај нас

Претходно вчера германскиот министер за надворешни работи Франк-Волтер Стајнмаер, во интервју за “Зидојче Цајтунг” дека внатрешнополитички конфликт во Турција не треба да се пренесува во Германија.стсанмајер “Пренесување на внатрешнополитички напон од Турција кај нас, во Германија, и заплашувањето на луѓе кои имаат различни политички убедувања, нема да се случи”, категоричен е шефот на германската дипломатија. “Нема да дозволиме тоа”, истакна тој и ги повика приврзаниците и противниците на претседателот Реџеп Ердоган на воздржаност.

Курдската заедница во Германија исто организира демонстрации во Хамбург, веејќи знамиња со ликот на Абдула Оџалан. гер турЕрдоган ужива голема поддршка меѓу турската дијаспора во Германија, дом на 1,5 милион турски граѓани кои имаат право да гласаат на избори. Основана од страна на претседателот владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) доби поддршка од 60% во дијаспората за време на последните парламентарни избори во Турција во ноември минатата година. Резултатите се подобри и од оние кои партијата ги доби во самата Турција. “Гледам со загриженост дека врските на луѓе кои живеат тука, со Турција масовно се користат политички”, истакна  за влијанието на Ердоган германскиот комесар за интеграцијата Ајдан Јозогуз. Во исто време, сепак значителен број Курди живеат во Германија. Според Гокај Софуглу, претседател на Турската заедница во Германија, силните предрасуди се одразуваат на пријателства и семејства. “Пријателства ќе бидат отстранети. Дури и во самите семејства има проблеми “, рече тој и повика на воздржаност за време на денешните демонстрации. / АФП