Наполи ја торпедираше Фиорентина: Елмас и соиграчите сместија шест погодоци во мрежа

Екипата на Наполи имаше маестрален настап зачинет со убедлив триумф над Фиорентина со 6:0 во рамките на 18.коло на Серија А. Уште на полувреме беше јасен победникот кога Наполи поведе со 4:0, а се чекаше само конечниот резултат. Во првиот дел стрелаа Инсиње, Деме, Лозано и Зелински.

Во вториот дел Инсиње погоди од пенал за својот втор гол на мечот, а во последните минути во листата на стрелци се запиша и Политано.

Ова е највисоката победа на Наполи над Фиорентина во историјата.

Слични содржини