262
Голманот на Челси, Кепа Аризабалага би можел да биде позајмен на италијански Наполи, пишуваат медиумите од Апенините.
Шпанскиот репрезентативец стана непожелен на „Стемфорд Бриџ“ откако менаџерот Томас Тухел цврсто го постави Едуард Менди под рамката.
Од доаѓањето на Менди во 2020 година, Аризабалага има само 29 настапи во сите натпреварувања за лондончани.
Кепа Аризабалага бара нов тим кој ќе му даде минутажа за играње додека се обидува да најде место во репрезентацијата на Шпанија за Светското првенство во Катар подоцна оваа година.
Наполи од своја страна бара голман со квалитети по заминувањето на Давид Оспина во насока на саудиски Ал Наср.