Направени 1.317 тестови, регистрирани 600 нови случаи на КОВИД-19 од кои 134 реинфекции

од Vladimir Zorba
142 прегледи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1.317 тестови, а регистрирани се нови 600 случаи на КОВИД-19: Скопје – 229, Охрид – 46, Битола – 38, Куманово – 35, Прилеп – 30, Тетово – 26, Велес – 25, Кавадарци – 24, Струмица – 23, Гостивар – 19, Штип – 17, Радовиш – 11, Кочани – 10, Гевгелија – 9, Неготино – 8, Струга, Крива Паланка, Делчево, Берово и Дебар – по 5, Богданци и Кратово – по 4, Ресен, Крушево и Пехчево – по 3, Кичево, Виница и Пробиштип – по 2, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (600), регистрирани се 134 реинфекции.

Регистрирани сe 743 оздравени пациенти од: Скопје – 284, Битола – 56, Кавадарци – 36, Охрид – 33, Куманово – 32, Прилеп – 30, Гостивар – 29, Тетово – 26, Велес и Струга – по 23, Штип – 22, Струмица – 20, Радовиш – 16, Неготино – 15, Свети Николе – 14, Кочани и Кичево – по 12, Крива Паланка – 9, Берово – 8, Делчево – 7, Ресен – 6, Гевгелија, Богданци и Кратово – по 5, Виница и Демир Хисар – по 3, Дебар, Крушево и Демир Капија – по 2, Пехчево, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 6 починати лица од: по 2 починати лица од Скопје (66г и 75г) и Охрид (83г и 83г) и по едно починато лице од Ресен (72г) и Радовиш (72г). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани 4 починати лица од: Кочани (85г), Струга (69г), Куманово (72г) и Кичево (62г). Две лице се починати во болнички услови и две во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 16.07 – 08.08.2022 година.

Слични содржини