Направени над половина милион тестови, британскиот сој брзо се шири во земјава

од Берта Китинска
337 прегледи

Британскиот сој на вирусот се шири и поради тоа не е исклучена можноста на некаква форма на дополнителни мерки, на локално ниво или на територија на цела држава., соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

-Засега немаме индиции дека такви мерки треба да препорачаме, но ќе направиме дополнителни анализи. Во овој момент се прави анализа на една серија во Лабораторијата во МАНУ. Резултатите ги очекуваме следната недела и треба да дадат одговор и на зголемниот број случаи на ковид инфекции во последните неколку дена. Да продолжиме со почитување на мерките, апелирам да се придржуваме до нив во целост.Последната анализа укажа на околу 50 проценти од случаите и тоа е доказ дека сѐ повеќе го има овој британски сој на вирусот. Ние во последните неколку денови гледаме и зголемување на бројот на позитивни од вкупниот број на направени тестови. Иницијалниот впечаток е дека е можно да се должи и на британскиот сој, меѓутоа и на генерално непочитување на мерките во делот на собирите. Еве, времето е убаво, сведоци сме дека сѐ повеќе има луѓе надвор коишто не ги почитуваат мерките, вели Филипче.

Според статистиката досега се направени над половина милион тестови за коронавирус.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на пандемијата изнесува 100.632.Оздравени се 90.311, а бројката на лица кои ја изгубија оваа борба изнесува 3.098.Во моментов како активни случаи се водат 7.223.Министерството за здравство информираше дека досега во земјава се направени вкупно 509.720 тестирања на Ковид-19.

Слични содржини