Зелениот чај се користи во Кина со векови за лекување на различни здравствени проблеми. Причината зошто е добар при намалувањето на вишокот килограми е тоа што е богат со катехини за кои се смета дека се одговорни за согорување на масните наслаги. Исто така, зелениот чај содржи голема количина епигалокатехин галат, што го забрзува метаболизмот и особено дава резултати кога вежбате.
Од друга страна, циметот помага и при согорување на маснотиите и е многу здрав. Циметот ја претвора гликозата во енергија, а не во маснотии. Покрај тоа, го намалува нивото на шеќер во крвта и има позитивен ефект врз работата на нашиот метаболизам.
Ловоровиот лист исто така го забрзува метаболизмот, добар е за варење, го намалува стресот и вознемиреноста кои влијаат на појавата на вишок килограми.
Комбинацијата на овие три состојки е полн погодок за брзо губење на тежината, но се подразбира дека покрај чајот, вашата исхрана треба да биде балансирана и да бидете физички активни.
За да го направите овој неверојатен пијалок кој ќе ви ги стопи килограмите, ви треба следново:
Лажица зелен чај
1 стапче цимет
3 ловорови лисја
800 мл вода
Подготовка и консумација
Зовријте вода и отстранете ја од шпоретот. Додадете цимет, ловоров лист и зелен чај. Оставете да отстои 15 минути, а потоа процедете.
Неопходно е да се консумираат три шолји чај дневно. Рано наутро, веднаш штом ќе станете, на празен стомак, испијте ја првата чаша. Пијте ја втората шолја веднаш по појадокот, а третата навечер, непосредно пред спиење.