„Направи огромна грешка“: Сопругот на Натали Портман ја изневерил актерката со 25-годишна девојка

од Stefanija Kuzmanovska

Иако се изгледаше идилично во нивниот брак, странските медиуми пишуваат дека сопругот на актерката Натали Портман, Бенџамин Милпид, ја изневерил со 25-годишна девојка.

Натали Портман и Бенџамин Милпид се запознаа на снимањето на Black Swan во 2010 година и се венчаа на 4 август 2012 година. Заедно имаат две деца, синот Алеф, роден на 17 јуни 2011 година и ќерката Амалија, родена на 2 февруари 2017 година.

Скандалот што наводно го потресе нивниот брак прв го објави францускиот медиум Voici, кој тврди дека Милпид имал вонбрачна врска, но дека тоа е минато. Извор за People изјавил дека врската била краткотрајна и дека завршила.

Изворот понатаму тврди дека Милпид „знае дека направил огромна грешка и прави се што може за да ја натера Натали да му прости и да го задржи нивното семејство заедно“.

„Натали е неверојатно дискретна и нема намера тоа да го пренесе на медиумите. Нејзин најголем приоритет е заштитата на нивните деца и нивната приватност“, додава изворот.

Друг извор близок до парот изјави за Page Six дека парот не се разделил и дека се обидуваат да ги решат работите.

По Black Swan, Портман и Милпид повторно соработуваа на нејзиниот филм Vox Lux од 2018 година.

Слични содржини