По новогодишна декорација, декорациите на празничната трпеза е другото важно нешто на што треба да обрнеме внимание. Миризливи свеќи, златни акценти, елементи со ѕвезди и мали ангели … Сето ова ќе ни ја направи масата попријатна и убава.
Салфетките се исто така дел од декорациите, затоа освен со соодветен мотив е важно како ќе ги претставиме пред нашите гости. Споделуваме една лесна, но многу креативна идеја, која ќе ви покаже како од хартиена салфетка да направите елкички кои ќе ги ставите во секоја чинија при декорирање на масата.
Земете салфетки и започнете да го превиткувате нагоре секој слој од неа. Треба да се добијат триаголници со различни големини.
Потоа свртете ја салфетката на назад и свиткајте ја од двете страни.
Повторно завртете ја од другата страна и започнете да ги подвиткувате рабовите во формираните триаголници. Ставете салфетки во чинијата и за финале додадете прачка цимет.
Убаво, нели? Една идеја со многу дух која ќе ги импресионира вашите гости.