Сопругата и агент на Мауро Икарди, Ванда Нара, потврди за медиумите дека фудбалерот останува
во Милано, и покрај тоа што не е дел од плановите на менторот Антонио Конте.

„Вистината е, тој одби предлози од другите тимови за да остане во Интер. Неговиот избор беше
јасен на почетокот од летото. Тоа беше неговата одлука, тој имаше голем број предлози. Што се
однесува до преговорите со Јувентус, никој не разговарал ниту со со мене, ниту со него“,
прокоментира Нара.
„Тој не верува дека неговата кариера во Интер е завршена. Не знам што може да се случи, но знам
што ми кажа кога се отвори прозорецот за трансфери. И тој остана верен на своите зборови.
Имаше предлози, кои никој не би ги одбил. но тој кажа „не“ заради Интер. Конте е одличен тренер и
се надевам дека сè ќе се реши. Одлуката е на клубот и тие му плаќаат плата“, додаде таа.