Наредните денови ќе се прска против комарци

од Nikola Popovski

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во текот на наредните неколку дена на подрачјето на градот Скопје ќе се врши терестрична и авионска дезинсекција против комарци, според следниот распоред:

1. Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се одвива од утре (22.06.2022 година, среда) до сабота (25.06.2022 година), во периодот од 22 до 03 часот, наредниот ден.

2. Авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци, пак, ќе се одвива на 25.06.2022 година (сабота) и на 26.06.2022 година (недела), во раните утрински часови.

околку временските услови не дозволуваат да се прска, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Слични содржини