Втор ден по ред полицијата во Турција користи солзавец и гумени куршуми против симпатизерите на опозицискиот весник “Заман”. Толпата од 2 000 демонстранти се собраа пред редакцијата на весникот со најголем тираж во земјата, откако властите наредија контролата да биде предадена на владата.
Судска одлука во петокот (4-ти јануари) нареди државен администратор да управува со “Заман” и за “Тудејс Заман”. Весникот е обвинет за поддршка кон планиран државен удар.
(ВИДЕО) Народ во обид да даде “вештачко дишење на демократијата”, власта со ќотек и солзавец
Одлуката беше донесена по барање на обвинителството, кое ја истражува медиумската група за терористичка активност. Меѓународните набљудувачиги нарекоа активностите како остро вмешување против слободата на медиумите.
Изданието е највлијателното и една од ретките опозициски медиуми во земјата. Тоа е поврзано со името на Фетхуллах Гулен, кого претседателот Реџеп Таип Ердоган го опиша како свој непријател број еден.

Според новинарите на “Заман” назначените од владата администратори обидуваат да ја избришат целата новински архива на весникот.
“Се обидуваме да го надминеме притисокот. Ќе видиме што ќе се случи. Но, не мислам дека работите ќе тргнат на подобро”, коментира новинарот од Заман Ариф Текдал.
Слики на повредени мирни демонстранти беа објавени на социјалните мрежи во профилот на изданието. Во моментов изданието нема контрола врз содржината, што се објавува на страниците, пишува уште на Твитер.
#LATEST Turkish police use plastic bullets at peaceful protesters in front of #Zaman pic.twitter.com/ruAxiBfgJ2
— Today’s Zaman (@todayszamancom) March 5, 2016
All content management systems at #Zaman blocked by trustees, Today’s Zaman continues to cover updates after seizure on Twitter — Today’s Zaman (@todayszamancom) March 5, 2016
Во моментот е достапна само англиската верзија на сајтот, додека пристапот до содржините на турското издание онлајн е запрено.
“Страницата не е пронајдена. Кликни тука за да се вратите на почетокот” се прикажува при изборот на статија од почетната страница на веб-страницата на весникот.
“Интернет конекцијата исчезна. Лозинките не работат, вашиот пристап до системот е блокиран. Ова се случува кога владата го преземе весник”, пишува еден од новинарите на “Заман”.
Internet connection gone. Passwords do not work, our access to system is blocked. Thats what happens when govt seizes a newspaper.
— Abdullah Ayasun (@abyasun) March 5, 2016
Во истиот ден Европската комисија објави извештај за напредокот на Турција на акцискиот план за визна либерализација на земјата. Брисел истакна дека властите во Анкара постигнале напредок во некои од барањата, но потребни се повеќе напори во борбата против организираниот криминал и корупцијата. Активностите против медиумската слобода доаѓаат во исклучително деликатен дипломатски момент дена пред да се одржи самитот меѓу Европската унија и Турција (7-ми март), на која европските лидери ќе се потпираат на соработката на Анкара, за да биде решена бегалската криза во Европа . Досега официјална реакција од страна на европските институции недостасува. Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц лично ги осуди активностите на турската влада и ги дефинира како последователен напад на слободата на медиумите.
The seizure of #Zaman is yet another blow to #pressfreedom in #Turkey. I intend to raise this issue on Monday @Ahmet_Davutoglu
— Martin Schulz (@MartinSchulz) March 5, 2016

