
НАСА објави карта на светот со температурни аномалии. Картата покажува дека во некои делови од светот има или топло време или тешки мразеви, кои се забележани кон крајот на декември и на почетокот на јануари
Студот закова поголем дел од Канада и Среден Запад и Источна Соединетите Американски Држави. Дневните извешати за ниските температури паѓаат како снегулки. Сепак, во Европа, Азија и Соединетите Американски Држави, Алјаска и поголемиот дел од светот во декември и јануари е невообичаено топло.
Луѓето во Калифорнија се загрижени за шумски пожари за време на она што треба да биде дождовна сезона, а во Аљаска луѓето на лизгалки и во маици го одбележуваат невобичаеното време, пишува американската вселенска агенција на својата страница.
Оваа карта на температурните аномалии се базира на податоци од инструментот MODIS (Moderate Resolution Imaging Spectroradiometer) на вселенскиот апарат Terra на НАСА.
Таа ја покажува температурата на земјината површина од 26 декември 2017 до 2 јануари 2018 година, во споредба со просечните температури за периодот 2001-2010 година за истиот осемдневен период.
Црвената боја на картата покажува области кои се потопли од вообичаеното, со сино е постудено отколку вообичаено. Белите области на картата се нормални температури, а сивите области имаат недоволни податоци, веројатно поради дебели облаци. НАСА дадеа изјавата дека картата ја покажува температурата на површината на земјата, а не температурата на воздухот.