НАСА објави карта на која се гледаат климатските промени Алармантно е зголемувањето на нивното на морињата

од desk4

НАСА направи нова интерактивна мапа на која се гледа колку ќе се покачи нивото на морето во светот во наредните децении. Картата беше објавена веднаш по шокантниот глобален извештај за климатските промени, кој алармираше дека климатската криза излегува од контрола и дека планетата се повеќе ќе се соочува со катастрофи.

Картата направена од НАСА покажува како одредени делови од светот ќе бидат погодени од климатските промени по нивото на морето и е резултат на проекциите дадени од извештајот, базирани на податоци за топење на глечерите, како и како промени во морските струи.

„Целта е да ги прикажеме податоците од извештајот во форма што лесно ќе ги визуелизира идните сценарија“, рече Бен Хамлингтон, научник од НАСА, за Индипендент.

Боб Коп, кој е главен автор на извештајот и директор на Институтот за Земјата, Океанот и атмосферските науки на Универзитетот Рутгерс, смета дека до средината на овој век, нивото на морето ќе се зголеми за 15 до 30 сантиметри ио тоа без разлика колку ќе се намалат емисиите на гасови.

Екстремниот пораст на нивото на морето, што се случува еднаш на секои 100 години, може повторно да се повтори до 2100 година. Сепак, Коп вели дека човечкот сеуште ја има моќтта да влијае врз него.

– По 2050 година, проекцијата на нивото на морето во голема мера ќе зависи од изборот што го правиме денес – рече тој.

Од 1970 година почна брзо да се зголемува нивото на морињата. За последните 100 години порасна повеќе отколку во последните 3.000 години. Во просек, нивото во изминатите 100 години се зголемува за околку четири милиметри годишно.

Според картата, која нуди неколку опции, се предвидува дека нивото на Јадранското Море ќе се зголеми за 60 сантиметри до 2100 година.

Слични содржини