Неофицијална информација од Белата куќа, во неколку фази, да се напушти финансирањето на Меѓународната вселенска станица, деновиве ги вознемири оние кои се знаимаваат или ги следат вселенските истражувања.

Вашингтон пост имал увид во документ кој нуди детали за тоа. Имено, властите на САД планираат да престанас со финансирање на на МВС во 2024 година, но тоа не значи дека таа ќе престане со работа.
Американските власти имаат намера да ја препуштат МВС на приватниот сектор. Иако, документот не нуди многу детали, вашингтонскиот дневник пишува дека со тоа станицата ќе биде вид „вредна орбитална недвижност“.
„Одлуката да ја укинеме дирекатната финансиска поддршка на МВС до 2015 година не значи дека таа ќе биде ставена вон функција. Можно е вселенската индустрија да продолжи да управува на некои нејзини елементи и операции како дел од идниот комерцијален аранжман“, се наведува во документот.
„НАСА ќе ги прошири меѓународните и комерцијални партнерства во наредните седум години кога ќе обезбеди непречен пристап и присуство на луѓе во ниската Земјина орбита“, се истакнува во документот на смериканската вселенска агенција.