Населението во Кина ќе достигне 1.44 милијарди во 2029

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Населението на Кина ќе достигне 1,44 милијарди луѓе во 2029 година, по што ќе започне период на остри падови, се вели во извештајот на владата.

Кинеската академија за општествени науки вели дека земјата мора да усвои стратегија прилагодена на помала работна сила и стареењето на населението.

Двата тренда можат да доведат до многу неповолни социјални и економски последици, се вели во извештајот.

Неодамнешните бројки на ОН покажуваат дека кинеското население во моментов изнесува 1,41 милијарда луѓе. Во 2015 година земјата со најголемо население ја заврши својата политика “едно семејство – едно дете” во обид да се справи со нејзините проблеми.

Сепак, во моментов, бројот на работното население се намалува, а остануваат ниските стапки на наталитет. До средината на векот, кинеското население се очекува да падне на 1,36 милијарди луѓе, што значи дека бројот на работници ќе се намали за 200 милиони.

Доколку стапката на наталитет остане ниска, населението ќе се намали на 1,17 милијарди до 2025 година. До 2035 година старото население ќе се зголеми на 400 милиони во споредба со 240 милиони во 2017 година.