Нашите млади заслужуваат еднакви можности и шанси како нивните врсници во ЕУ, велат од СДСМ

од Vladimir Zorba

„СДСМ во изминатите години низ одговорен, инклузивен процес реализиараше низа мерки што значат подобар живот за младите“, соопштија утрово од владејачката партија.

„Успеавме да ја намалиме драстрично младинската невработеност, преку Гаранцијата за млади, преку Оперативниот план за вработување, но и преку доделување грантови за млади претприемачи и млади земјоделци.

Инвестираме и во студентскиот стандард, ги зголемивме студентските стипендии и воведовме за првпат субвенциониран студентски оброк за околу 40.000 студенти.

Нашите млади заслужуваат еднкави можности и шанси како нивните врсници во ЕУ, а тоа е можно само со остварување на стратешката цел – полноправно членство во ЕУ.

Затоа, време е за одлука, сите пратеници имаат обврска пред идните генерации да ја обезбедат европската перспектива со усвојување на уставните измени.

Со членството во ЕУ младите добиваат огромен број можности за подобро образование, пристап до финансии и фондови, можности за добро платени работи места, подобар животен стандард и подобри услуги.

Младите, но и сите останати граѓани заслужуваат сигурна и стабилна иднина во ЕУ, затоа време е за глас ЗА Европа во македонското собрание“, порачаа од партијата на Ковачевски.

Слични содржини