Нашите процедурални забелешки ја одложија комисиската расправа за лични карти, велат од ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека членовите од нивната пратеничка група и коалиција, на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, со процедурални забелешки силно се спротивставиле на спикерот Талат Џафери за неделовничкото одбивање на амандманите и успеа да ја одложи најавената комисиска расправа за законот за лични карти.

-Тензичната атмосфера на комисијата беше буквално разбиена со аргументираните забелешки на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Власта немаше аргументи и ја одложи седницата. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се спротивставува со сите демократски средства кои ни стојат на располагање, велат од партијата преки соопштение.

Претходно пратеникот на Левица, Борис Крмов објави дека Комисијата ќе продолжи со работа во понеделник во 11:30 часот, а претходно на координација „ќе видат што била причината за отфрлање“.

-Нам мандатот и правата не ни ги даваат Талат Џафери или Зоран Заев, туку граѓаните и Уставот на Република Македонија и ние не отстапуваме, напиша Крмов.

Седницата на собраниската Комисија за политички системи и односи меѓу заедниците е одложена за в понеделник.

Слични содржини