Насилно запалена депонијата „Трештена скала“ во Штип, чуварите добиле смртни закани, а градоначалникот апелира за брза реакција

од Љубиша Владимиров
26 прегледи

Во Штип повторно е запалена депонијата „Трештена скала“. Две лица насилно влегле со моторни возила и ја подметнале пожарот, а чуварите на депонијата од ЈП „Исар“ добиле и смртни закани, соопшти градоначалникот Иван Јорданов.

Според него, овие лица се познати на полицијата и се сомничат дека го палат отпадот за полесно да селектираат железо и метал. Сепак, нивниот чин предизвикува голема опасност – еколошка штета, загадување и ризик од ширење на пожар.

Јорданов апелира институциите да реагираат сериозно и да ги санкционираат виновниците, истакнувајќи дека здравјето на граѓаните е најважно. Екипите на ЈП „Исар“ продолжуваат да го чуваат просторот 24 часа.

Депонијата „Трештена скала“ е лоцирана неколку километри од Штип, а нејзиното палење пред неколку години предизвика големи пожари во околните села, со голема штета на земјоделските култури и загрозување на домовите.

Слични содржини