Наскоро почнува изградбата на нов граничен премин со Грција

од Nikola Popovski
145 прегледи

Во јануари наплатените приходи од Царинската управа се повисоки за 321,7 милиони денари во однос на истиот период во 2024 година. Сузбиен меѓународен канал за шверц на дрога, при што се запленети 188,6 килограми марихуана и две лица се лишени од слобода, а претходно Царинската управа откри и спречи организирана криминална мрежа со употребувани автомобили, при што поднесе кривични пријави за 32 лица до ОЈО за организиран криминал и корупција, информира директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

Во емисијата „Аргумент плус“, тој посочил дека редот, дисциплината и посветеноста веќе седум месеци даваат извонредни резултати и оти царинските службеници не седат мирни и работат на сузбивање на криминалот.

Николовски информира и дека наскоро почнува и изградбата на новиот граничен премин кон Грција – „Маркова Нога“ што се имплементира со средства од ЕУ, како дел од проектот „ЕУ за Преспа”.

Слични содржини