Одлично знаеме за овој период и кога тој ќе настапи никому не му е лесно. Овој пат, ретроградниот Меркур носи бура во нашите животи, а прв пат оваа година се појавува на 16 февурари.
Многу убави и романтични љубовни врски ќе бидат разнишани со лоша комуникација и неразбирање. Овој период ќе биде вистински тест за сите парови, а на многумина ќе им се пружи лекција која ќе треба да ја запомнат.
Ретроградниот Мергур започнува на 16 февруари и ќе трае се до 10 март. Ќе се наоѓа на 12 степен во знакот Риба, што наговестува емотивен период со големи промени.
Емоциите ќе бидат посилни од било кога и баш се ќе мораме да правиме со зголемен емотивен нагон. Тензијата се појавува среде квадратот кој го сознаваат Месечината во знакот Скорпија и ретроградниот Меркур во Риби. Овој аспект носи голема борба на мисли и емовии, односно борба на две спротиставени страни која ќе трае долго, а важните одлуки ќе претрпуваат.
Бидејќи се е појачно во овој период, обрнете внимание на својата љубомора. Важно е да не ја потиснувате. Можно е да ги изубите чувствата за својот партнер, неговите потреби, желби и чувства.
Сепак, ретроградниот Меркур може и да не научи. Ова е совршен период за рефлексија. По секоја своја грешка или „излив“ на емоции, направете неколку чекори назад и согледајте ја ситуацијата од почеток. Соочете се со своите маани. Ова е период на големи лекции, тестирање отпорност и способност, како и јакнење на духот. Оживејте ја силата во себе и успешно изборете се со негативното влијание на ретроградниот Меркур.